„Оваа власт предолго ја гради својот политичка приказна, кажувајќи лаги. Како можеше ваква измамничка и дволична власт да го окупира политичкиот простор во Македонија, а притоа да ја задржи лојалноста на своите гласачи, откако беа разоткриени нејзините бескрајни лаги и измами? Незнаење, страв од промени, политичко слепило се само дел од објаснувањата за прифаќање и живеењето со лагите на оваа власт.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Живот во лага: самозалажувањето како корен на политичкото фијаско на власта“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Покрај другото, Јанкуловски пишува: Лагите на оваа власт по обемот, зачестеноста, влијанието и дрскоста се без преседан. Самозалажувањето на оваа власт ѝ одмага да го види својот политички крај и политичко фијаско на изборите што доаѓаат.
Животот во лага на власта е обид да ги измами граѓаните. Можеби некои и ќе успее да измами, но на мнозинството му е прекуглава од нејзините лаги. Доста е. Затоа да ја оставиме да верува во она што сака да верува, зашто крајот е блиску. Наскоро ќе види во што вистински веруваат граѓаните. Едно е сигурно – не во нејзините лаги.





