Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, објави дека Советот донел одлука за отворање преговори за членство во Европската унија со Украина и со Молдавија.



„ЕУКО ѝ додели кандидатски статус на Грузија. И ЕУ ќе отвори преговори со Босна и Херцеговина откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја покани Комисијата да поднесе извештај до март, со цел да донесе таква одлука“, додава Мишел во својата објава на Твитер.