Речиси 2,3 милиони евра народни пари за налепници NMK за регистарски таблички. Министерството за внатрешни работи набави налепници за сите оние кои имаат таблички со старата ознака МК
Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. Набавката изнесува речиси 2,3 милиони евра, а договорот е за период од три години.
Обврската произлегува од Преспанскиот договор.
Рокот за промена на документи од пет години истекува на 12 февруари 2024. МВР се одлучи наместо нови таблици со ознака НМК, возилата да добијат само налепници.
Како што пишува Телма, Од МВР велат дека налепниците ќе се делат во станиците за технички преглед, при регистрација или возачот сам ќе може да ги подигне. Истите иако се со буџетски пари нема да бидат бесплатни, но од МВР уверуваат дека ќе се наплаќа симболична цена блиска на набавната цена добиена на тендерот. Цените на налепниците на тендерот без ДДВ се меѓу 25 и 35 денари.






