Атина ѝ се закани на Албанија со 37 вета за ЕУ!

Албанскиот премиер Еди Рама избра погрешен „противник“ за да демонстрира сила и непопустливост со непризнавањето на победата на Фреди Блерис локалните избори на во Химара и не кој не му се дозволува да положи заклетва за градоначалник



Поради тоа, вратата на Европската Унија за Албанија ќе остане затворена, пишува грчки „Прототема“.

Албанскиот премиер, Еди Рама повикувајќи се на „независното“ албанско судство, пркосно изјави дека ништо нема да се промени дури и ако „падне целиот Европски совет“, а судот, по пресудата што ја донесе со своите изјави во јавноста, во понеделникот го одби барањето на Фреди Белерис да добие дозвола и да положи заклетва како градоначалник додека се очекува „продолжување на лажниот судски процес за наводната шема за купување гласови“.

„Прототема“ го спомнува и гестот на добра волја на Атина – писмото со кое се бараше од Еди Рама да му даде дозвола на Фреди Белерис да може да положи заклетва иако е затвореник и со тоа да го признае резултатот од изборите во Химара, но таа можност албанскиот премиер Еди Рама не ја искористи.

Поради тоа дојде до дополнително влошување на односите меѓу Атина и Тирана при што грчките власти нагласија дека повеќе нема да даваат поддршка на Албанија во наредните фази од евроинтегративниот процес и ако Албанија дојде до фаза на отворање на пристапните фондови, Атина се закани со 37 вета за отворање и затворање на поглавјата од пристапните преговори.

Еди Рама е охрабрен од односот на Европејците кои случајот Белерис го сметаат за билатерално прашање, смета дека Грција ќе попушти под притисокот на своите партнери и инвестира во замор од конфронтација во која тој го држи клучот.