Професорката Најчевска реагира на изјавата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, според кој, да се намалат функционерските плати, потребно е за тоа да се согласат сите судии, обвинители, градоначалници, сите пратеници и министри, директори…
А за намалување на платите треба општ консензус на сите затоа што во 1.260 функционери имате судии, имате обвинители, имате градоначалници, имате 120 пратеници, имате 20 министри, имате директори и така натаму кој што сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина, за жал во нашето општество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања а камоли да им земете нешто од џебот “ изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„Овој се мрднал или мисли дека ние сме мрднати.
Сега ни соопшти дека промените на закон не ги гласаат пратениците туку: министрите, судиите, јавните обвинители, градоначалниците, …
Не остана нормален човек во владата?
На сите им направија лоботомија? – пишува Најчевска во објава на Фејсбук