Итно да се исплати месечната воена инвалиднина на ранетите и осакатени бранители од 2001 – ваква порака упати директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, на својот фејсбук профил упати до Управата за прашања на борците и воените инвалиди.
„ Воените инвалиди, ранети и осакатени во одбраната на татковината во 2001 година како и членови на семејствата на загинатите бранители, секој месец, на почетокот на месецот, во зависност од статусот, добиваат лична инвалиднина, семејна инвалиднина, инвалидски додаток или додаток за нега и помош од страна на друго лице. За жал, од непознати причини, иако веќе сме на средината на декември, воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители сеуште ги немаат добиено овие месечни примања со кои некои од нив едвај го преживуваат месецот, купувајќи лекови и други медицински помагала без кои животот им е уште потежок од вообичаено.
Деновиве добив многу повици од лица кои прашуваат кога ќе им биде исплатен соодветниот месечен надомест без кој не можат да го преживеат тековниот месец.
Затоа, апелирам до Управата за прашања на борците и воените инвалиди итно да изврши исплата на оваа ранлива категорија на граѓани – воени инвалиди од 2001 година и членови на семејствата на загинатите бранители.
Инаку, оваа Управа, за која речиси никој нема слушнато, е единствена државна институција која има надлежност да води грижа за бранителите од 2001-та а ја раководи директор од Партијата на пензионерите, дел од коалицијата предводена од СДСМ“, напиша Ангелов.





