Прашање, чии одговор го знае само Бугарија и може сама да си го одговори. Дали во игра се уцени, или милионски профит?! Унгарија како една од државите членки на ЕУ со право на вето и се заканила на Бугарија дека ќе ја блокира за влез во Шенген зоната доколку не ја тргне таксата за рускиот гас. Колку за потсетување и Македонија беше погодена од ваквата одлука со оглед дека огромен дел од гасот кој го користиме доаѓа токму од Русија.

Иако Македонија, Унгарија и Србија се обидоа и вложија огромни напори да ги разубедат бугарите да не го прават тоа, сепак таксата беше наметната со цел Европската унија побрзо да се откаже од рускиот гас, но и да се соберат дополнитени приходи во буџетот на Бугарија чии проценки беа околу 1.2 милијари евра. Но она што остана нејасно е како ќе се наплати таксата од рускиот гас со оглед дека не постои механизам за налата.
Имено, Бугарија и Романија чекаат повеќе од една деценија да се приклучат на Шенген-зоната и постојано се одбивани поради проблеми со владеењето на правото и корупцијата, но и поради одредени безбедносни аспекти, кои очигледно овие две земји членки на Унијата не ги задоволуваат. Затоа последните неколку години Австрија и Холандија постојано истакнуваат дека немаат доверба оти овие две земји се подготвени за таков чекор. Минатиот декември, Австрија дури предизвика гнев во Софија и Букурешт, кога го блокираше нивниот пристап во зоната за слободно движење на ЕУ. Спорот трае со месеци, при што Букурешт дури и се закануваше дека ќе ја тужи Виена за обесштетување од милијарди евра. За разлика од Романија, која само гласно протестираше, Бугарија се досети преку уцени и пазарење со ЕУ да прави притисок и на тој начин да добие концесија за прием во Шенген-зоната.

Од целата оваа работа Бугарија не постигна ништо само дополнително ги влоши односите со сите оние земји кои беа погодени од ваквата непромислена одлука на бугарските власти.Во соопштението пратено од двете најголеми партии во Бугарија ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ покрај тоа дека се откажуваат од давачката од 20 лева за мегават час за пренос на гас преку Бугарија напишаа дека најважни им се доброседските односи и дека ова е најважната причина зошто тие ќе ја поништат претходно донесената одлука.





