Судот под жесток двоен притисок пред продолжување на процесот против Жан Митрев

Судот и судијката која го суди кардиохирургот Жан Митрев се наоѓаат под двоен притисок пред продолжување на процесот против Жан Митрев чие следно рочиште е закажано за задутре, петок 15 Декември.



Судот е под притисок на јавното обвинителството кое бара казна за лекарот но и под притисок на јавноста која е свесна дека зад прогонот на Жан Митрев стојат поинакви причини од тие што официјално ги застапува јавното обвинителство.

Едно од прашањата кои судот ќе треба да ги земе предвид е дали зад случајот против Жан Митрев Клиника стојат поранешни функционери, обвинители, кумови и адвокати.

На 17 јули 2022 година беше објавен документарен филм против Клиника Жан Митрев, за шест месеци подоцна обвинителството да покрене обвинение за измама со што започна организираната хајка против Клиника Жан Митрев и кардиохирургот Жан Митрев.

Првиот удар за обвинителството и тие што стојат зад прогонот беа новни сведоците кои со своите изјави пред судот сами ја побија тезата дека се измамени.

За бизнис-политилката позадина на прогонот врз Митрев судот веќе има доволно докази преку блокирана сметка на клиниката нешто што не се случува никаде во ЕУ како и одземениот пасош на д-р Митрев кој досега докажа дека нема намера да бега или да влијае врз сведоци.

Посебна специфика на овој случај е фактот што Митрев е можеби единствениот лекар на светот чија клиника се гони за ситуација во ковид кризата иако и во државните македонски клиники имаше низа скандали и смртност за кои никој никогаш не одговарал.

На судот кој треба да одлучи за наводната вина на Жан Митрев му е веќе јасно дека станува збор за однапред инсцениран случај откако веднаш по отворање на обвинителниот акт, клиниката доби повеќе понуди за откупување на управувачки пакет од 51 отсто од Жан Митрев Клиник, по многу пониска цена од вредноста на клиниката.

Судот во ситуацијава не може да суди дали е ова пример за најголем организиран рекет во Македонија и дали позади истиот стојат двоецот од екс највисоки владини функционери кои никогаш не демантирале дека сакаат да ја преземат клиниката?

Во нормална држава и судот и обвинителството ќе се повлечееа од прогонот откако сведоците со своите изјави го разнишаа обвинението на обвинителката Хаџи-Василева.

Судот во процесот нема да ја суди обвинителката за можно наговарање на сведоци да поднесат оштетно побарување за измама против Клиника Жан Митрев но информациите за тоа се веќе присутни во јавноста и никој досега не ги отфрли како нерелевантни. Оваа ситуација не може да се случи во нормална земја.

Посебно прашање кое е релевантно за прогонот врз Жан Митрев е дали адвокатот на поранешниот премиер Зоран Заев, Филип Медарски е на било каков начин е дел на случајот преку кумската линија што ја има со обвинителот Бубевски која како шеф на Скопското јавно обвинителство е шеф на обвинителката која го гони Жан Митрев?

Доколку овие тврдења се докажат обвинителката ќе мора да се повлече од обвинението но засега овие наводи никој не ги истражува.

Важно прашање за случајот е и улогата на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот обид да влезе во приватниот здравствен систем. И за ова прашање нема истражување во медиумите ниту истрага од страна на обвинителството.

Судот може да ги игнорира информациите дека поранешни функционери, обвинители, кумови и нарачани сведоци се дел од сценариото за случајот против Жан Митрев Клиника.

На судот мора да му е од интерес да дознае кој е главниот креатор на ова сценарио и дали зад процесот се кријат проценти од уделите кои меѓу себе ги договорале планерите и учесниците?

Судот сега не може но во обвинителство ослободено од политичка стега ќе мора да се утврди дали се работи за типично злосторничко здружување од повеќе луѓе и злоупотреба на сила преку обвинителството како институција, а со цел насилно и за цена далеку под проценетите над 100 милиони евра, да ја преземат Клиника Жан Митрев која го носи знакот на квалитет на една од најреномираните клиники во Европа, Mayo Clinic.

Она што е сигурно е дека сите инволвирани во прогонот не очекуваа дека Клиника Жан Митрев се покажа како “тврд орев” кој тешко се крши?

Враќањето ,,во живот” на однапред осудениот Жан Митрев дава шанса да се откријат многу прашања поврзани со случајот “Клиника Жан Митрев”, но и да се открие како функционира македонскиот систем на корупција особено тој во здравствениот бизнис.

Овие нелогичности во процесот за кои се зборува во јавноста, а критикуваат и експерти по кривично право поставуваат реални дилеми дали станува збор за организиран, монтиран процес со цел нелегално преземање на клиниката и која е позадината на овој судски процес.

Рочиштето за прогонот врз Жан Митрев закажано за 15 Декември на кое ќе се расправа за материјални докази е само една од шансите да се утврдат сите задкулисни игри за кои индиректно зборуваат дури и изјавите на сведоците на обвинителството.