Николовска: Лекторите-македонисти во светот ги претставија следните активности како амбасадори на македонистиката и македонскиот јазик

„Вчера се одржа првата Координативна македонистичка лекторска седница (на далечина) на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје, за да се поттикне активна и координирана соработка меѓу овој Семинар и лекторите по македонски јазик на странските универзитети.“објави на фејсбук проф. д-р Кристина Николовска, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје.



Во својата реч Кристина Николовска ги нарече членовите на Советот на Меѓународниот семинар и лекторитемакедонисти од целиот свет „амбасадори на јазичната, книжевна и културна македонистика“.

Покрај другото, во нејзината објава на фејсбук се истакнува и следново: Потем следеа опсежни и студиозни обраќања на лекторите-македонисти. На крајот се обрати и д-р Славица Свидерска, новоизбраната лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Албанија,.

На седницата лекторите имаа комплексни, аналитички и сеопфатни искажувања за актуелните состојби на лекторатите на странските универзитети и севкупната високообразовна-културна и дипломатска дејност на лекторите, кои во целост ја доловија состојбата. Тие ги претставија начините на работа. Се расправаше за предметните програми, за литературата по која се работи, за условите за работа во лекторатите низ светот, за културни настани, кои се афирмација на македонската култура, за соработката со амбасадите и со претставниците на македонските здруженија и македонската дијаспора низ светот.

Впечатлива, студиозна, посветена дејност на лекторатите и на Катедрите по македонистика на универзитетите во светот: поставени цели, свест за постојните предизвици, но и јасно покажани визии на големите мисионери на македонстиката во светот. Ова зрачеше од секое обраќање на овие амбасадори на македонистиката во светот.