Зошто Спасовски лажел за автомобилот на Жежовски преку кој можела да биде спасена Вања?

Зошто Спасовски лажел за колата на Жежовски преку која можела да биде спасена Вања е прашањето што се поставува откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки објави документи и обвини дека министерот за внатрешни работи е фатен во лага.



Спасовски пред десет дена објави дека МВР воопшто немала пријава за возилото Цитроен на Панче Жежовски а всушност СВР Велес имал објавено телеграма за барање на возилото.

Возилото „Цитроенот“ на Жежовски било пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември а Спасовски тврдеше дека тоа не се движело низ Скопје и не се барало затоа што не било пријавено за исчезнато.

Според Драган Ковачки МВР на Спасовски знаело дека возилото на Панче е исчезнато но 4 дена не презело ништо.

Доколку се реагирало навреме Вања можеби ќе била спасена смета пратеникот.

Од вчера Оливер Спасовски не дава изјави за медиумите во врска со случајот кој го префрли на Јавното обвинителство од каде пак велат дека сите докази ќе бидат дел од обвинителниот акт.

Ковачки објави документ од кој се гледа дека МВР било предупредено и можело да го најде цитроенот ако воопшто го барало со што ќе имало огромни шанси да се спаси Вања.