Коментарите на Соединетите Американски Држави во кои се изразува загриженост поради состојбата на Алексеј Навални се неприфатливо мешање во внатрешните работи на Русија, соопшти Кремљ.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека не е запознаен каде се наоѓа Навални кој е преместен од својата казнена колонија на непозната локација.
Портпаролот на Националниот совет за безбедност на Белата куќа Џон Кирби претходно повика на моментално ослободување на Навални, порачувајќи дека „тој никогаш не ни требало да биде затворен“.
Навални би требало да биде префрлен во казнена колонија со посебно обезбедување, установа со највисок степен на безбедност во рускиот затворски систем.





