Главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска изјави дека се испитуваат материјалните докази во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и, како што рече „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

– Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат. Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените, изјави обвинителот – а пренесе Либертас.
Тој информираше дека се анализираат материјалните докази и се прави целосна ретроспектива на сето тоа што се случувало.
– Тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт, рече Бубевски.
Во однос на постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој беше упасен во Турција, Бубевски рече дека ОЈО Скопје ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.





