Европејците се генерално отворени за идејата Украина да се приклучи на ЕУ, и покрај трошоците и ризиците, но во најдобар случај се млаки во врска со потенцијалното проширување на блокот што ќе го прифати и Грузија и земјите од Западен Балкан, според истражувањето, пишува Гардијан.



Европската комисија минатиот месец препорача да започнат официјалните пристапни преговори со Украина и Молдавија. 27-те шефови на влади на ЕУ треба да разговараат за предлогот на самитот во Брисел оваа недела – иако унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано изјави дека се противи на отворање преговори со Киев.

Анкетата спроведена во шест земји-членки на ЕУ (Данска, Полска, Романија, Германија, Франција и Австрија) покажа дека постои јасна поделба меѓу „старите“ и „новите“ земји-членки на ЕУ во однос на проширувањето.

Испитаниците во Австрија (53%), Германија (50%) и Франција (44%) кажале дека ЕУ не треба да прима нови членки.

Спротивно на тоа, во Романија мнозинството (51%) и во Полска (48%), веруваат дека ЕУ треба да се прошири.

Истражувањето покажа силно противење на можноста Турција да се приклучи на ЕУ. Над 50 отсто од анкетираните во шесте земји се противат на идејата Анкара да стане членка.

Европејците, исто така, покажуваат студен однос и кон приемот на Албанија, Македонија, Србија, Босна и Хрцеговина, Грузија и Косово. Поддршката за нивно членство во ЕУ е помала од 30%…

Поддршката за пристапување беше најниска за Косово, (20% за и 37% против) Албанија (24% за, 35% против), Србија (25% за, 35% против) и Грузија (25% за, 31% против).

За  Македонија 26% се „за“ и , 27% против.