Цела Турција беше шокирана од дивјаштвото на фудбалскиот натпревар помеѓу Анкрарагучу и Ризаспор кога претседателот на домашниот клуб Фарук Коча дивјачки го нападна судијата Халил Умут Мелер, јавуваат турски медиуми.



Причина беше примениот гол во 97-ма минута примен од гостинската екипа со што натпреварор заврш со нерешен резултат 1:1.

Како што пишуваат турските медиуми, и Мелер и Коча веднаш биле пренесени во болница, а Коча таму завршил под полициска придружба, па се очекува по прегледот и лекувањето да биде приведен.

Фудбалската федерација веднаш излезе со соопштение дека ја суспендира Суперлигата и дека сите натпревари се одложени на неодредено време.

„Ова не е напад врз судијата, ова е напад врз целиот турски фудбал. Сите што се вмешани во овој инцидент, од газдата на клубот па сѐ до навивачите, ќе бидат најостро казнети“, соопшти федерацијата.

Реагираше и претседателот Реџеп Таип Ердоган:„Го осудувам нападот на судијата Халил Умут Мелер по натпреварот Анкарагучу – Ризеспор и му посакувам брзо закрепнување“, се цитирани зборовите на Ердоган во турските медиуми.

Првиот човек на фудбалот таму, Мехмет Бујукекси подоцна тврдеше дека Суперлигата е одложена на „неодредено“ по насилниот чин.

Нападнатиот судија Халил Умут Мелер има 37 години и е на списокот на елитните судии на УЕФА, па оваа сезона беше судија на три натпревари од Лигата на шампионите.