Цели пет часа траеше средбата на државно-политичкиот врв во Клубот на пратеници на која се договараше стратегија за спорот со името.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата изјави дека ова бил еден од најплодните состаноци за прашањето за името.
„Ова беше еден од еден од најплодните состаноци. Бевме информирани за средбата меѓу Заев и Ципрас. Го ценам дијалогот за потрага по решение. Ова е почетокот на крајот на еден процес за Македонија. Важно е да бидеме дел од НАТО во мир и стабилност“, рече Ахмети.
Тој одби да одговари на новинарски прашања и не откри повеќе детали за состанокот со цел да не се предизвика штета на процесот.





