Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, се очекува да гласа во среда за официјализирање на истрагата за импичмент на демократскиот претседател Џо Бајден.
Домот треба да се распушти во четврток поради божикните и новогодишни празници кој трае повеќе од три недели.
Републиканците го обвинуваат претседателот кој е од редовите на демократите, како и и неговото семејство за профитирање од политичките одлуки на Бајден кој беше потпретседател за време на администрацијата на претседателот Барак Обама 2009-2017 година.
Тие, исто така, го обвинија американското Министерство за правда за несоодветно мешање во истрагата за бизнисите на синот на претседателот, Хантер Бајден.
Министерството за правда негира дека сторил нешто лошо.





