Левендис: Преговорите за името да почнат од нула 

„Преговорите да почнат од нула и ако тоа се случи, му реков на премиерот дека луѓето, почнувајќи од мене, ќе бидат на негова страна“ изјави Василис Левендис лидерот на Сојузот на центристи, мала парламентарна партија во Грција  која на последните избори за прв пат влезе во парламентот јавува МИА.



„Македонија не е ниту на Ципрас, ниту на Мицотакис ниту на Левендис. Македонија е самата Грција и нема простор за отстапки“, рече тој по денешната средба со грчкиот премиер.

Тој за новинарите рекол дека најспоменувано име за северниот сосед е Нова Македонија, но тој се противел за сложено име.

Левендис побарал од Ципрас консенсус и формирање широка влада, јави АНА-МПА.