К-15 нема за сите исто: сумата се движи од 14 до 36 илјади денари

К-15 за 2023 година треба да изнесува најмалку 14 илјади денари. Овој износ се добива кога ќе се земат предвид последните три просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.



Јавниот сектор ќе добијат регрес за годишен одмор линеарно по 10.000 денари, кои ќе биде исплатен до крај на годината.

Исплатата на К-15 законски треба да почне од 1 јули во сите фирми и институции во државата, бидејќи не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците. Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година, односно до 31 декември.


Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

За работодавците, кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.