Нова бетонизација на скопски Карпош, околу поранешната фабрика Алумина. Жителите на скопската населба Тафталиџе се револтирани од презентациите на Општина Карпош за изгледот на новиот комплекс згради кај поранешната фабрика Алумина затоа што гигантската градба во најава е во спротивност на она за кое алармираат со години, дека по вселувањето на новите високи згради цела населба има проблеми со водоводот, електричната енергија, сончевата светлина и сообраќајниот метеж, објави А1он. Новиот блок згради од 35 ката ќе влијае врз животот на граѓаните, врз нивното здравје и врз опшстествената заедница затоа што, според жителите, никој не прашува каде ќе учат децата на новите станари и што ќе предизвикаат блокови со 108 метри висина.

Од невладината „Борба за Влае“ ќе се направи огромен хаос во сообраќајот, поголем и од тој што го предизвикаа сите згради направени до сега на Прашка, а дополнително и зградата на Настел (а и тие околу ГУЦ и низ населбата).
„Општината одлучува да сподели визуелизации за просторот кои ги прават планерските куќи, а на нив им дава одврзани раце да изведат што сакаат на терен. „Carte blanche“ за самите изведувачи да си го планираат просторот и да прават колку сакаат објекти и каде сакаат, само под услов да се пониски од 35 ката или 108 метри. При ваков „инвеститорски урбанизам“ Општина Карпош ги фаворизира потребите на изведувачите, а на второ место ги става потребите на жителите“, сметаат од „Борба за Влае“.
Според нив, сите нови згради имаат еден кат повеќе од дозволената катност според ДУП-от иако и во двата Детални урбанистички планови има предвидени два блока во Алумина.





