Бугарија ја одложува таксата за пренос на руски гас

 

Надоместокот за трансфер на гас низ Бугарија ќе го следи општиот европски пристап, најавија на заеднички брифинг лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и Кирил Петков, копретседател на партијата „Продолжуваме со промените“.



Ковачевски стравува од „струен удар“ по бугарската такса на рускиот гас

Петков појасни дека за оваа тема ќе се решава само по консултации со ситеземји од ЕУ.

„Одлучивме дека за таксата за пренос на гас ќе го следиме заедничкиот европски пристап.
Оваа такса не треба да биде еднострана од бугарска страна.

Треба да работиме со Европската комисија, па заедно со сите европски земји да може да се наметне ваков вид на такса. на тој начин што ќе имаат ефект врз економијата на Руската Федерација.
Ние сега носиме одлука да ја одложиме давачката, да работиме со ЕК додека не ја изработиме оваа општа одлука за спроведување на оваа работа“, изјави Петков по повод одложувањето на воведувањето на наплата од 20 лева за мегават час на рускиот гас.

Аларм: Бугарската такса може да го дотепа македонското стопанство, реагираат економисти

Таксата за трансфер на руски гас беше воведена на 1 октомври, пренесе Сега.бг