„Кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, вели Спасовски за можна кандидатуира за претседател

Прашан дали ќе се кандидира за претседател, актуелниот министер за внатрершни Оливер Спасовски, чие име се споменува како можен иден шеф на државата,  избегна да даде конкретен одговор.



„Тоа се партиски работи за кои што, кога ќе дојде моментот, ќе го кажам својот став, рече Спасовски.

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, пред почетокот на вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, рече дека претседателскиот кандидат на СДСМ нема да биде на дневен ред, но нагласи дека претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ.