Европскиот сојуз за промена, во кои се обединети опозициските Беса, Алтернатива и Демократското движење, тврдат дека ДУИ уште се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје.
Тврдат дека министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнал на 6 септември со Груевски и прашуваат :
„ Како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното” враќање на Груевски“?
Оттаму велат дека единствениот спас за ДУИ е враќањето на Груевски.
„Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера.
Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ“, велат од Европски сојуз за промени.






