Адвокатот Јанаки Митровски реагира на повиците на дел од јавноста за враќање на смртната казна за убиците на велешанецот Панче Жежовски и за киднапирањето, а неколку часа подоцна и убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска.
„Во меѓувреме народот бара крв, не дека немаме право, бара враќање на смртна казна, што за оние гадови кои убиле дете е награда, а не казна.
Не смееме, како човечки битија да си дозволиме монструозниот чин да не претвори самите нас во крволочни суштества.
Она што јас барам е брза и транспарентна истрага, онолку колку што законските одредби тоа го дозволуваат, и брзо и ефикасно судење со почитување на пресумпција на невионост и право на одбрана.
А отворено кажувам дека со сето срце навивам за доживотен затвор, бидејки на монструми местото меѓу народ не им е“, соподели адвокатот Митровски во објава на Фејсбукк.






