Порталот „Република“ вечерва објави дека примероци од амандманите што ги поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици за седницата што ќе се одржи во понеделник, биле фрлени во контѕејнери зад зградата на парламентот.
Не е познато како документите се нашле таму, но порталот објавува фотографии и виде од снимка од документите на кои убаво се гладаат архивски број и заверки од собраниските служби.
Над 30.000 амандмани поднесоа денес до 16 часот, кога беше и последниот рок, пратеници од опозициската партија.
На дел од најдените може да се прочита дека се однесуваат на предлози за намалување на глобите предвидени за институциите кои нема да го почитуваат Законот за употреба на јазиците од сегашните 5.000 евра, . Па така на еден амандман се предлага намалување на глобите од 4.000 и 5.000 евра, на 3.201 или на 5.000 денари.
https://www.facebook.com/nedelnikrepublika/videos/1677618878925397/




