Палестинската милитантна група Хамас во неделата предупреди дека ниту еден заложник нема да ја напушти територијата жив доколку барањата на групата не бидат исполнети од израелските власти.
„Ниту фашистичкиот непријател и неговото арогантно раководство, ниту неговите поддржувачи не можат да ги земат живи своите затвореници без размена и преговори и задоволување на барањата на отпорот“, рече Абу Обеида, портпарол на вооруженото крило, пренесе Франс прес
Еднонеделното примирје во војната што пропадна на 1 декември доведе до ослободување на 105 заложници кои ги држеше групата, вклучително и 80 Израелци ослободени во замена за 240 палестински затвореници.
Израел во саботата соопшти дека 137 заробеници останале на палестинската територија.
Посредникот Катар во неделата рече дека продолжуваат напорите да се обезбеди ново примирје и ослободување на повеќе заложници, но предупреди дека немилосрдното израелско бомбардирање „го стеснува прозорецот“ за успешен исход.






