„Мислам дека ретко се гледа држава во која политичарите толку ги мразат граѓаните што на секој начин се обидуваат да им ја зацрнат сегашноста и убијат иднината како во Македонија.
И не сум видела толку глуп или трпелив народ (изберете по желба) кој го дозволува ова“, ,вели во објава на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска.
Во претходен пост на Фејсбук Најчевска вели дека „од граѓаните зависи дали ќе изберат во власта криминалци или не.
Од никого друг.
Или ќе го разберат тоа или ќе продолжиме и понатаму да бидеме држава со најголема корупција во Европа, најпартизирано судство, најлошо образование и здравство, најзагаден воздух, најголема сиромаштија.
Кога ќе појдете на гласачкото место сетете се на ова и знајте дека вие самите ја убивата иднината (сопствената и онаа на идните генерации).
И кога некоја голема партија ви ветува работа, бизнис, бенефиции, сетете се дека потпишувате бланко чек кој ќе ви го унвчат со затезна камата“.




