И по цели седум дена не престануваат шпекулациите за тоа кога настапила смртта кај 14-годишната Вања Ѓорчлевска, односно кое е точното време кога Вања починала. Јавноста бара одговори и за причините за смртта на велешанецот Панче Жежовски, за кој се верува дека бил убиен неколку дена пред 27 ноември.
Јавното обвинителствоукажува дека единствено од обдукцијата која се врши во Институтот за судска медицина ќе има одговори на сите овие прашања.
„Работат на случај за кој треба да бидат најсигурни во доказите, односно во резултатите од обдукцијата. Во овој „занает“ нема мислам, нема можеби и така натаму… вели за Фактор, проф. д-р Алексеј Дума, експерт по судска медицина, деонтологија и криминалистика, посочува дека она што во овој момент е најважно е да не се врши никаков притисок врз вештаците
„Форензиката е наука кога се мора да е дефинитивно, прецизно и точно. Некои анализи може да треба да се повторуваат. Нема правило кога точно може да заврши обдукцискиот наод. Секој предмет, секој случај е сам за себе, не постојат два исти. Кај клиничките обдукции работата е многу полесна, има болест, има историја и тоа е тоа. Во ваков случај, се треба да биде точно и прецизно.
Со оглед на фактот што телото на девојчето не е пронајдено веднаш, туку цела недела подоцна, настанати се одредени промнени и затоа треба да се пристапи многу внимателно со цел резултатите од сите анализи да бидат точни и прецизни, појаснува професорот Дума, посебно нагласувајќи дека ова е сериозно сензитивен случај кога не треба и не смее да се избрзува со никакви заклучоци“ вели Д-р Дума во изјава за Фактор.





