Признанието на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, дека нејзината земја ги управувала териториите (Македонија и делот од Тракија во Северна Грција) од кои во Втората светска војна биле депортирани 11.343 Евреи во нацистичките концентрациски логори за Обединета македонска дијспора е „одамна задоцнето“.
„Се сеќаваме на холокаустот на македонските Евреи за време на Втората светска војна, кога Македонија беше контролирана од бугарската армија. Извинувањето од Бугарија е одамна задоцнето. Никогаш да не се заборави. Сеќавање на холокаустот“, порача ОМД преку својот профил на „Твитер“.
Признанието од Захариева дојде во пресрет на денешниот Меѓународен ден за сеќавање на жртвите од холокаустот.





