СДСМ вечерва решава кој ќе седне на местото на Талат Џафери

На седница на Извршниот одбор, СДСМ вечерва треба да ја формализира одлуката актуелиот координатор на пратеничката група Јован Митрески, да биде претседател на Собранието до неговото распуштање, но и да донесе други одлуки и заклучоци.



Митрески се очекува да биде предложен за оваа функција откако спикерот Талат Џафери беше номиниран од Демократската унија за интеграции за кандидат за премиер на преодната Влада, која се формира сто дена пред изборите.