Неделава во Франција беа приведени 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца професори.
Полициска акција од таков обем претходно „никогаш не е видена“ во Франција, изјави Квентин Беван, претставник на Канцеларијата за малолетници на правосудната полиција, која ја координираше операцијата.
Цел на полициските службеници биле лица кои се во редовен контакт со деца.
Приведени се двајца училишни професори, спортски тренери и еден надзорник во ученички дом за хендикепирани лица.
Осомничените биле на возраст од триесет до над 60 години.






