Откако предупреди да не се употребуваат термини како „монструм“, „психопат“, „свирепо убиство“, бидејќи првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски ,може лесно да тврди дека во Македонија не може да добие фер судење, професорот по кривично право, Гордан Калајџиев сега со порака до адвокатите:
„ Адвокатската комора треба да преиспита какви се тие адвокати кои се меѓу првите што газат врз законите и повикуваат на линч“, објави Калајџиев на Фејбук.
Професорот минатата недела укажа дека не може без сослушување да го прогласуваат осомничениот за виновен, бидејќи во таков случај Палевски може да рече процесот е монтиран.
Калајџиев: Палевски може да го искористи тоа што го нарекуваат „монструм“, „психопат“…
Меѓутоа, тој тоа може да го тврди бидејќи тука го прогласуваат без да биде сослушан за сторител… предупреди Калајџиев.






