Демократскиот сојуз не се согласува техничката влада да ја предводи премиер од редовите на ДУИ.
Од партијата предупредуваат на кршење на Охридскиот рамковен договор и на Амандман 6 од Уставот на Македонија, со тоа што ќе се формира техничка влада која, како што велат, дополнително ги суспендира и крши одредбите и начелата на соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници.
„Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ.
Сакаме да предупредиме дека ваквата политика нема поддршка од мнозинството граѓани и не поминуваат манипулациите дека тоа е Европски фронт, итн.“, посочуваат од Демократскиот сојуз.





