Кој пак „снима“ и прислушкува во Македонија?!

Власта може да ги прислушува граѓаните со незаконски набавена опрема. Скандалозни и загрижувачки информации пристигнале на адреса на ВМРО-ДПМНЕ која алармира дека Агенцијата ОТА по налог на Власта може да ги следи комуникациите на сите граѓани. Како што за Алфа изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, информациите за овој скандал ги добиле од т.н. свиркачи кои директно сведочеле за она што се случува во службите. Станува збор за снимање и прислушување кое според Јанушев се врши со опрема за следење на комуникации која била навбавена без одобрение од МВР и без почитување на Правилникот на Агенцијата.



Според Јанушев, Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ извршила незаконска набавка на опрема за масовно прислушкување. Единствен кој стои зад тоа, вели, е Владата, без чија согласност истата не можела да биде набавена. Јанушев прашува дали МВР дало дозвола или извршило контрола за скандалозната набавка на опрема со која може да се следи целиот интернет сообраќај во државата.

Оперативно-техничката Агенција „ОТА“ беше формирана како самостоен државен орган по скандалот со масовното прислушување и Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Прибе.