Трајковски: Ако дадеме дел од РЕК Битола, струјата, наместо по 57 евра/MWh, ќе ја купуваме од Грците по 100-250 евра/MWh?

Дали населението е свесно дека доколку се продаде или изнајми дел од РЕК Битола, истата струја нема да ја плаќаме по 57 евра/MWh, туку ќе ја купуваме на берза од новиот грчки газда по 100-250 евра/MWh? Прашува професорот Трајковски.



“Освен тоа, каква е логиката странци да ни ја трошат квотата за емисија на ЦО2, а утре Македонија за нив да плаќа јаглеродни пенали? Ако веќе плаќаме, барем самите да произведуваме евтина електрична енергија.

Трето, ако Македонија мора да ја затвори ТЕ “Битола 1” во 2026 година поради Парискиот договор, како си замислуваат странскиот газда да продолжи да работи? Само за да плаќаме пенали и да ја купуваме истата енергија од истата електрана 2-5 пати поскапо?” додава тој.

Прочитајте го целиот текст тука.