„Вања ја убивте вие, српско-словенските Македонци, кои се правите дека сте ангелите на оваа држава, а не Албанците, кои ги обвинувате дека се монструми и чувари на злото во државата. Славомакедонците се само површински и физички Македонци, додека длабоко и душевно се Срби. Нивната крв, гените и нивното потекло се српски и немаат никаква врска со историските Македонци. Според јазичните, културните и научните аргументи * Македонија е албанска.“ – овие жестоки навреди врз сиот македонски народ со стремеж кон негова колективна сатанизација како „народ-убиец“ во случајот со Вања Ѓорчевска ги изнесува „политичкиот аналитичар“ од Тетово Сулејман Мехази во својот скандалозен текст со наслов „Ги прашуваме лицемерните македонски медиуми кој го уби малолетниот ангел Вања Ѓорчевска: Македонец, или Албанец?“, кој го објави влијателниот косовски весник на албански јазик „Бота сот“ од Приштина.
„Експрес“ ја пренесува оваа „колумна“ исклучиво само колку да укаже на недозволивата и неприфатлива тенденција на поединци да се демонизира македонскиот народ како „народ-колективен убиец“ во случаите со Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а едновремено да се стават на увид и пред надлежните државни органи ваквите скандалозни етнички навреди, па да се види дали тие и на кој начин ќе изреагираат, или не, околу пласирањето и ширењето вакви етнички дисквалификации во јавноста, кои можат да предизвикаат сериозен негативен ефект врз меѓуетничките односи во Македонија.
Еве ја интегралната верзија на скандалозната „колумна“ на „политичкиот аналитичар“ Сулејман Мехази: „Погледнете го вистинското лице на македонските медиуми во случајот со малолетното девојче Вања Ѓорчевска кога се зборуваше дека е исчезната: наголемо ги клеветеа, ги навредуваа и ги критикуваа Албанците дека ја имале грабнато починатата Вања, толку многу се нафрлија врз Албанците, што ги направија чувари на злото во оваа држава, пишуваа и пропагираа во стилот на Србите дека злото на оваа република се Албанците, а оти српско-словенските Македонци се ангелите на оваа држава.“
„Ова аргументира дека Славомакедонците се само површински и физички Македонци, додека длабоко и душевно се Срби. Неколкупати сме рекле дека нивната крв, гените и нивното потекло се српски и оти немаат никаква врска со историските Македонци. Според јазичните, културните и научните аргументи * Македонија е албанска, бидејќи уште пред раѓањето на Христос во денешните држави на Западниот Балкан се зборувал само илирскиот јазик на Албанците.“
„Ги прашуваме лицемерните македонски медиуми: кој го уби малолетниот ангел Вања? Вие, Македонците, или Албанците? Уште пред да се потврди кој ја убил Вања, во стилот на вашата српска крв вие ги ‘обвинивте’ Албанците со секакви епитети дека се монструми.“





