Соседството, како и секогаш е неколку чекори напред кога е во прашање поекономичниот начин на живеачката за граѓаните. Конкретно, „Електродистрибуција Србија“ забрзано почнува да воведува паметни броила за отчитување на потрошувачката на струја во домаќинствата, набавка и поставување на 7,3 милиони паметни броила за струја на сите потрошувачи на низок напон во Грција, предвидува проектот за модернизација на инфраструктурата за пренос на енергија, а во Црне Гора заврши првата фаза од реализацијата на тој проект. Како што објави Слободен Печат, Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.

„Воведувањето на паметни броила во Црна Гора се исплатеше за краток временски период. Проектот финансиски се исплатеше во рок од две до три години. Ефектот беше блиску до вредноста на заемот за првата фаза од проектот, кој изнесуваше 35 милиони евра. Во некои делови ја наплаќавме потрошувачката на струја, која никогаш досега не можеше да се наплаќа“, рече Стругар, објави Политика.рс.
Што се однесува до поставувањето на паметните броила во Македонија, тоа ќе се случи во наредните години. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.
„Електродистрибуција Србија“ забрзано почнува да воведува паметни броила за отчитување на потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата и деловните субјекти со пари добиени од европските фондови. Најважно е дека замената на старите броила со нови нема да ги чини домаќинствата, а сите досегашни грешки ќе се отстранат со далечинско отчитување на потрошувачката на електрична енергија. Набавка и поставување на 7,3 милиони паметни броила за струја на сите потрошувачи на низок напон во Грција, предвидува проектот за модернизација на инфраструктурата за пренос на енергија, финансиран од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кој минатиот месец беше потпишан договор меѓу потпретседателот на ЕИБ и извршниот директор на грчкиот оператор за пренос на енергија, а во присуство на премиерот на земјата Кирјакос Мицотакис. Велимир Стругар, претставник на „Електропривреда Црне Горе“, зборувајќи за искуствата од воведувањето паметни броила на територијата на оваа република, изјави дека првата фаза од реализацијата на тој проект, со која раководел, била предизвик и голема инвестиција.

„Воведувањето на паметни броила во Црна Гора се исплатеше за краток временски период. Проектот финансиски се исплатеше во рок од две до три години. Ефектот беше блиску до вредноста на заемот за првата фаза од проектот, кој изнесуваше 35 милиони евра. Во некои делови ја наплаќавме потрошувачката на струја, која никогаш досега не можеше да се наплаќа“, рече Стругар, објави Политика.рс.
Што се однесува до поставувањето на паметните броила во Македонија, тоа ќе се случи во наредните години. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во март годинава најави дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и дека тој процес ќе почне во наредните години.
- – Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем – рече Бислимоски.





