Велеше дека е постара од Израел – ја убија (ВИДЕО)

Во бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа, израелски проектили убија најмалку десет Палестинци и ранија уште десетици откако погодија станбен блок.



Меѓу убиените во Појасот Газа е и Палестинката Хадија Насар, која неодамна стана позната кога на 22 октомври во разговор со палестински фоторепортер изјави:

„Јас сум постара од Израел“. Родена е во 1944 година.

Еден од нејзините соседи изјави дека израелските војници пукале и ја убиле пред вратата од нејзината куќа.

Израел е признат како држава на 1 мај 1949 година