Шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ на 13 декември ќе се сретнат со своите колеги од шест земји од регионот на редовниот годишен самит ЕУ-Западен Балкан.
Тие ќе побараат од земјите од овој регион целосно да ја почитуваат политиката на санкции против Русија,
„Заедничката визија за иднината вклучува заеднички вредности и заедничка одговорност. Додека ја продлабочуваме соработката со партнерите, ги повикуваме да постигнат брз и одржлив напредок кон целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ и да дејствуваат соодветно, се вели во нацрт-декларацијата во која Радио Слободна Европа (РСЕ) имале увид.
Текстот ќе ги пофали партнерите од Западен Балкан кои веќе ја покажуваат својата стратешка определба со целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и ќе ги охрабри „оние кои се уште не го сториле тоа“ да го следат нивниот пример.
Со тој документ треба да се согласат и учесниците на самитот од регионот.
Посебен дел во завршната декларација се однесува на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово.






