Македонска писателка јавно нападна граѓанска активистка за соработка (ШУРУВАЊЕ) со осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски иако таа само учествувала на подкаст со него по што тој ја навредувал.
Писателката Румена Бужаровска ја нападнала Гордана Гоџо затоа што таа учествувала на дебата иако не само што немала никаква конекција со Палевски туку биле во лоши односи.
И покрај тоа Бужаровска ,,фрла со дрвја и камења врз Гоџо” и ја обвинува за шурување со убиец на дете.
Според друг граѓански активист на полето на екологијата Крум Велков овој напад на Буџаровска е акт на агресија.
,,Ова веќе достигнува ниво на невидена денунцијантска хистерија. Еден фб-пријател тоа стручно, од психолошки аспект, го нарече
“манипулација преку генерализација на агресија”.
И точно е, бидејќи очигледно во тек е повеќеслојно обмислен, на најниски страсти и побуди заснован јавен прогон на инакумислечки, и суптилен и директен, зачинет со лични фрустрации и којзнае какви се мотиви. Убаво се сеќавам дека летоска токму Љ. Палевски жестоко ја напаѓаше и навредуваше токму Гордана Гоџо на ФБ. Сега е обвинета затоа што некогаш претходно гостувала на некаков подкаст со него.
Контроверзите и пропустите на истрагата за злосторството и политичкиот “отстрел” ги носат сомнежите за целиот случај на највисоко можно ниво. Свесни ли се професионалците во МВР што е предизвикано? Од оваа хистерија може да се случи само нешто полошо. Крајно време е да излезат со соодветни изјави и да ја затворат Пандорината кутија, додека не биде предоцна за сите нас и како граѓани и како држава. Бидејќи изгледа некој “отстрана” го посакува токму најлошото”, пишува Велков за нападот на Бужаровска врз Гоџо.

Летоска писателката во слична ситуација без конкретни аргументи ги нападна МПЦ-ОА, академик Катица Ќулафкова и новинарот Сашо Мацановски Трендо.
Бужаровска ги обвини МПЦ-ОА, Ќулафкова и Трендо за масакрот врз српска трансџендерка






