Хајредини: Ни за ЕУ-кандидат не ја бива држава со корупција, во која е важно 100 дена технички премиер да е Албанец, а 1360 нетехнички Македонец!

„Не заслужува ни кандидат за членство во ЕУ да биде држава, во која e толку важно и само сто дена технички премиер да биде Албанец, а 1360 дена да биде нетехнички Македонец и во исто време да се соочува со епидемија на катастрофална корупција!“ –  реагира во објава на својот фејбук-профил поранешниот министер за финансиски и сегашен политички аналитичар Џевдет Хајредини во врска со одлуката на ДУИ да го кандидира Талат Џафери како технички премиер од 28 јануари 2024 година, но и во врска со севкупните политички случувања во Република Македонија.