„Талат Џафери може да биде првиот премиер од албанска етничка припадност, но тој никако нема да биде и премиер на Албанците. Политички дебакл е номинирањето на Талат Џафери за кандидат за ТЕХНИЧКИ премиер и напуштањето на позицијата претседател на Собранието. Тој ќе биде орудие за една голема лага. Од гледна точка на политичкиот морал, Џафери треба да ја го одбие ова номинирање.“ – со оваа жестока критика реагираше на својот фејсбук-профил новинарот Фуркан Салиу, откако ДУИ соопшти славодобитно дека „со кандидатурата на Талат Џафери како прв премиер-Албанец ќе биде заокружена визијата на Али Ахмети за еднаквоста во * Македонија“.
Фуркан Салиу пишува: Што се однесува до „премиерот-Албанец“… Тој може да биде првиот премиер од албанска етничка припадност, но тој никако не е и премиер на Албанците.
1. Кампањата на ДУИ беше спроведувана со Насер Зибер како ПРЕМИЕР-АЛБАНЕЦ, а не како ТЕХНИЧКИ премиер-Албанец.
2. Политички дебакл е номинирањето на Талат Џафери за кандидат за ТЕХНИЧКИ премиер и напуштањето на позицијата претседател на Собранието. Две големи политички загуби со значителен капитал. Прво: Поклонување пред Зоран Заев. Второ: Поклонување пред Ковачевски.
3. Премиерот можеби е од албанска етничка припадност, но не е премиер на Албанците. Зошто не е? Затоа што ги имате Албанци во Мекдоналдс. Според некои статистики, во последните 9 години повеќе од 700 илјади граѓани ја напуштиле државата.
4. Од гледна точка на политичкиот морал Талат Џафери треба да ја одбие ова номинирање. Зошто? Затоа што во кампањата на граѓаните им беше кажано дека премиерот-Албанец ќе биде непартиски. Затоа што никаде не се споменува она „технички“, а Талат Џафери ќе биде орудие за една голема лага.
5. Помалку е важно дали премиерот е Албанец. или не. Исто како што е помалку важно зошто министерот за финансии е Албанец. Помалку е важно зошто имате обвинител, или судија-Албанец. Кога се станува власт треба да се разбере дека позицијата, функцијата не вреди ништо, ако таму не се постават соодветни луѓе.





