Премиерот Ковачевски на партиска средба повторно најави двојна победа на изборите но фотографиите кои ги објавуваат пропагандистите на владеачката партија на неговиот профил на Фејсбук не влеваат оптимизам дека тоа што го говори лидерот ќе биде реалност за СДСМ.
Дел од фотографиите сугерираат дека атмосферата во СДСМ не е многу оптимистичка и дека премиерот знае што го чека во април и мај.
,,Победа на СДСМ на претседателските избори и проевропска Влада предводена од СДСМ е двојна победа за Македонија и клучна победа за младите, за идните генерации. СДММ е нашата движечка сила. Моите први чекори во политиката ги направив токму во СДММ, а денеска со гордост можам да кажам дека главна цел на политиката на партијата и на Владата што ја предводам е подобра иднина за младите. Целиот наш фокус, нашата работа, одлуки, се што правиме е за иднината на младите во европска држава, дома.
Од денешната работилница за стратешките приоритети на СДСМ заедно со младите социјалдемократи во Охрид, поддржана од Данскиот институт за партии и демократија како и Институтот за социјална демократија, Прогрес”, порачал Ковачевски кој на фотографиите изгледа како да му пропаднале сите политички ,,лаѓи”.








