Жирафата Флопи починала од тумор на црниот дроб, покажале резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина.
„Добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21. век, од која, како и луѓето, страдаат и голем број животни. Карциномот кај Флопи веќе метастазирал и во белите дробови, што тешко се дијагностицира во рана фаза“, соопштија од Зоолошката градина.
Скопската зоолошка градина остана без жирафи, откако Флопи почина на 27 ноември,а во мај годинава угина и жирафата Каспер, а пред две години Тобого.






