Палевски преговарал со актуелното раководство на СДСМ за висока партиска функција, открива екс соработник на Ковачевски

Осомничениот убиец Љупчо Палевски преговарал со актуелното раководство на СДСМ за висока партиска функција, открива екс соработник на Ковачевски, Зоран Димитровски Жоро кој обвинува дека премиерот дрско лаже и сее магла за наводни негови средби со осомничениот убиец Љупчо Палевски Палчо.



Преговорите на Палевски со СДСМ се случуваат во текот на 2019 година кога лидер на СДСМ е Зоран Заев но во раководството на партијата се и Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Љупчо Николовски и други актуелни членови на владата и телата на СДСМ.

Екс заменикот министер за локална самоуправа и генерален секретар на Демократскиот сојуз Зоран Димитровски кој открива за што преговарале СДСМ и Палевски целосно го демантира премиерот кој вчера обвини добива екс членови на владата за средби со Љупчо Палевски Палчо.

,,Ковачевски сее политичка магла и дрско лаже дека сум се среќавал со Палевски”, вели Димитровски откако премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното интервју за 360 степени изјави дека се среќавал со Палевски минатата година и го прозва да одговори што разговарал со него.

,,Го повикувам Ковачевски да каже кога и каде сум се среќавал со Палевски и да и предочи на јавноста транскрипт од разговорот ако го има. Во спротивно ќе сметам дека ме помешал со некој истакнат член на СДСМ.
Палевски последен пат сум го видел пред 4,5 години, кога се уште се надеваше дека Зоран Заев ќе му даде повторно да ја води градската организација на партијата, како во златните времиња на Црвенковски”, одговори Димитровски за обвинувањата на Ковачевски.

Кабинетот на премиерот и СДСМ 12 часа подоцна не објавуваат никакви докази за наводни средби на Димитровски ниту негираат дека Бихаќка водела преговори со Палевски за висока функција.

Поврзани вести

Момироски без одговор од Спасовски дали имало два обиди за грабнување на Вања која можела да биде спасена (ВИДЕО)