Професорката Мирјана најчлевска се приклучува на мислењето на експерти кои предупредуваат дека идната ЏЕЦ „Чебрен“ не треба да ја гради грчка фирма која ќе профитира од зделката, и дека Владата дека не ја искористила можноста да го реализира проектот со сопствени средства и да го задржи целосно сопственството врз хидроцентралата.
„Со зделки како таа со Чебрен се загрозува:
1. Суверенитетот на државата (член 1 од Уставот)
2. Територијалната целина на државата (член 3 од Уставот)
3. Сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско
значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита (член 56 од Уставот)
Со оглед на тоа што “Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните“ (член 2 од Уставот) за располагање со добра од општ интерес кои тангираат повеќе генерации во иднина мора да се решава со референдум, а не за тоа да и одлучува грст корумпирани политичари кои случајно и сосема погрешно се наоѓаат на чело на државата..- вели Најчевска во објава на Фејсбук



