„Можна ли е промена на менталитетот? Практичните Американци, кои мислат дека ништо не е невозможно, одговараат потврдно. Да се промени менталитетот бара од вас да ги пренасочите вашите вредности и да се погрижите вашите дејства да бидат во согласност со нив. Ако имате проблем со новата состојба на умот, потсетете се зошто посакавте да ја смените.“ – вели Денко Малевски, универзитетски професор по политички науки и прв министер за надворешни работи на Македонија, во својата колумна со наслов „Променете го менталитетот!“, објавена на порталот на весникот „Слободен печат“, во која тој им дава своевиден совет на Македонците „да си ги сменат умот и менталитетот“, па „за да си немаат проблеми и тие и странците, да го променат Уставот и тогаш да појдат во ЕУ“.
Но, Малески искажува уште еден, но навистина драгоцен совет: „Сè додека не се предавате, ќе најдете начин да успеете!“
Покрај другото, во колумната Малески пишува: Холандскиот амбасадор во интервјуто за “360 степени’ на упорното инсистирање да ни даде решение за нашите неволи – публиката очекуваше да каже дека само избори и промена на власта се решение – кажа дека треба многу повеќе: да го промениме нашиот менталитет, со кој си имаме проблеми и ние и странците. Со години пишувам за тој наш ориентален менталитет и колку е погубен за едно демократско општество на слободни луѓе со кои владеат закони, а не поединци. Можна ли е промена на менталитетот? Практичните Американци, кои мислат дека ништо не е невозможно, одговараат потврдно. Да се промени менталитетот бара од вас да ги пренасочите вашите вредности и да се погрижите вашите дејствија да бидат во согласност со нив.
Ако имате проблем со новата состојба на умот, потсетете се зошто посакавте да ја смените. Сè додека не се предавате, ќе најдете начин да успеете. Опкружувајќи се себеси со други кои се попозитивни и пооптимистички, или бараат начини да научат од различни ситуации, можете да се научите на ново поведение кое што ќе ја подобри состојбата на вашиот ум. Но, тука е „кваката“. Зад ова стои волјата за промена на поединецот и на политичарот.
Под политичка волја се подразбира степенот на посветена поддршка меѓу главните донесители на одлуки за определено решение на даден проблем. Продолжување на преговорите за членство во ЕУ е таков проблем денес. Недостиг на политичка волја се смета за главната причина за нерешавање на определен проблем. Но како да препознаеме чин на политичка волја кај македонските партии? Кога политички актер е подготвен да посвети драгоцено време, енергија, фондови и политички капитал за да оствари промена, кога е подготвен да ризикува и да плати цена за остварување на целта, можеме безбедно да заклучиме дека пројавува „политичка волја“ за промена и желба за промена на нашиот балкански менталитет.
“





