Со раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) се’ уште не било разговарано за тоа кој ќе биде премиер во последните 100 дена техничка влада.
„ Во однос на името на техничкиот премиер не сме разговарале“, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.
ДУИ, како што е познато, инсистира дека тој треба да биде Албанец, но од редовите на оваа партија.
Премиерот информираше дека во техничката блада ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.
Тој пак ги повика сите политички партии, без разлика на нивната идеолошка и етничка припадност, да се придружат во широкиот Европски фронт што ќе се залага за Македонија да стане членка на Европската Унија до 2030 година.






