Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да организира средба меѓу украинскиот и унгарскиот лидер поради противењето на Будимпешта на предлогот за почеток на преговори за членство на Киев во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.



Андриј Јермак рече дека разговарал со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за можна средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан – откако Орбан и неговата партија јавно се спротивставија на почетокот на преговорите за членство на Украина.

Во „Телеграм“, објави Јермак, рече дека двајцата се договориле „да работат на одредување соодветен датум за таква средба“.

Одделно, Сијарто потврди дека Будимпешта е отворена за таков состанок, „но има смисла само ако постои шанса средбата да има позитивен исход“.

„Ова бара сериозна подготовка и прелиминарни разговори“, нагласи тој.

За да продолжат преговорите за членство на Украина и Молдавија, како што препорача Европската комисија, потребно е едногласно одобрување на самитот на ЕУ следната недела.

Орбан предупреди дека лидерите на ЕУ можеби нема да можат да постигнат консензус за започнување преговори за членство со Украина и инсистираше на тоа прашање да не биде ставено на агендата на состанокот.