Осум згради, од кои шест се со висина од 9 до 14 ката, а две се кули од 25 до 35 ката ќе се изградат на празниот простор на поранешната фабрика „Алумина“ во Скопје.
Општина Карпош го изготви Деталниот урбанистички план (ДУП) З06 блок 11 кој го опфаќа само делот на некогашна „Алумина“, за кој во тек е јавната анкета, а јавната презентација ќе се одржи на 12 декмври во 13 часот во просториите на Општина Карпош, пренесува порталот СДК
Забелешки на овој план можат да поднесат само оние кои се сопственици на земјиште во просторот на „Алумина“.
Граѓаните кои имаат куќи веднаш до новиот комплекс згради кој се планира и кои живеат тука со години немаат право да поднесат анкетен лист оти не се во овој блок кој се планира.
На 3Д презентацијата зградите се претставени со зеленило на терасите, на просторот се изведени улици и мини-паркови меѓу зградите, но нема ниту еден објект за јавна намена како градинка или школо.





