Осомничениот убиец на Вања и Панче повикувал на бесење на Мицкоски (ВИДЕО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Шења изјави дека ликови како првоосомничениот за двојното убиство, Љупло Палевски Палчо се резултат на неказнивоста од страна на надлежните институции.



Тој открива дека Палевски преку емисија на еден портал и преку својот гостин, повикувале на негово бесење. Мицкоски оцени дека истрагата за убиствата на Вања и Панче почнала доцна.

,,Палчо и негов гостин во емисија повикуваа на мое бесење. Зад порталот на кој Палевски настапувал и сеел омраза стои власта која го заштитува и охрабрува на таквото однесување”, рече Мицкоски.

„Плукајќи ме, навредувајќи ме, па дента посвети емисија на мене, каде што поканија гостин повикуваше на бесилка, да ме бесат. И во ред. Јас ќе го истрпам тоа“, рече Мицкоски.

На прашањето дали ги пријавил овие навреди и говор на омраза, Мицкоски веѓи дека не пријавил затоа што никој нема дилема дека не функционираат институциите.

Мицкоски изјави дека кога се нафатил да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ бил свесен дека ќе биде мета на напад, но не дека ќе бидат мета на напад и неговото семејство и неговите деца.

„Јас бев свесен дека можеби нема да имам мирна пензија. Но, што имаат врска моето семејство и моите деца“, се запраша Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто оценил дека истрагата за двојното убиство почнала предоцна.

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата. Погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога, за жал, малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата“, рече Мицкоски.

Целото видео на линкот на ТВ Шења

https://fb.watch/oMPm_NuFw2/?mibextid=Nif5oz